Тест: Откријте ја својата личност додека сте во жешка пустина

test-otkrijte-ja-svojata-licnost-dodeka-ste-vo-zeska-pustina-02.jpg

Коцката ве претставува вас како личност. Она што го замисливте за неа е рефлексија на вашето мислење за себе. На пример, можеби ја замисливте коцката како жолт камен. Жолтата ви овозможува чувство на топлина, а каменот симболизира сила. Тоа значи дека се гледате како топла и силна личност. Зависно од материјалот и бојата оценете се себеси. На што прво ве асоцира материјалот и бојата во која ја замисливте - такви се вашите карактеристики.

Оддалеченоста помеѓу вас и коцката го симболизира разбирањето. Ако коцката е далеку, тоа значи дека не се познавате себеси доволно. Ако коцката е видлива, значи дека им дозволувате на луѓето да ви се приближат и да ве запознаат.

Размерот на коцката кон пустината покажува колку е високо вашето себепочитување. Колку е поголема коцката - толку поголемо е и вашето его. Малиот размер значи дека не се гледате само себеси, туку сте несебични.

Скалите ги претставуваат вашите пријатели. Ако скалите се потпрени на коцката, истото важи и за вашите пријатели - вие сте им најголема потпора.

Оддалеченоста помеѓу скалите и коцката открива колку сте блиски со пријателите.

Она што мислите за скалите и рефлексија на она што го мислите за пријателите, вклучувајќи ја и бојата и градбата.

Ако скалите се бели и стаклени, на што прво ве асоцира белата боја и стаклото како материјал? Така ги доживувате и вашите пријатели.

Коњот е вашиот партнер во животот. Ако се наоѓа во близина на коцката, значи дека сте блиски и емотивно поврзани.

Ако коњот е врзан или со седло, сакате да го контролирате партнерот. Исто како и претходно, сите мисли кои ви прелетаа кога го здогледавте коњот се рефлексија на вашето мислење за партнерот во реалниот живот.

Цвеќето е одраз на вашето потомство, доколку го имате. Ако цвеќето е близу до коцката, тогаш имате блиски односи.

Зависно од бојата, колку таа е топла или студена, толку е топол или студен карактерот на вашите деца.

Олујата е секоја препрека која ви се јавува во животот. Ако олујата е близу до коцката, тоа значи дека имате чести разделби и тажни моменти. Ако олујата е далеку и тешко видлива, значи дека препреките во животот ви се минимални.

Според тоа дали се исплашивте од олујата или мислевте како да се спасивте, можете да процените како им пристапувате на препреките и проблемите во животот.

Каков е вашиот краен резултат?



Би можело да ве интересира:

Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Одберете еден ангел и откријте каква скриена порака ви шепоти Се верува дека ангелите се гласници и на грчки и латински јазик, зборот означува...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Тест на личноста: Дали лесно ги покажувате емоциите или сте емотивно затворени? Дали прво видовте профил на жена или гранки од дрвја кои се свиткани поради вете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg