Првата буква од името го открива вашиот карактер

М - Љубители на природата. Одговорни се, но понекогаш знаат да избегаат од реалноста и одговорностите за да си овозможат задоволство. Често се срамежливи и негрижливи за луѓето во нивна околина.

Н/Њ - Родени како бунтовници. Не сакаат авторитет, ниту шефување. Имаат остар ум и секогаш се самокритични. Предадени се на работата дури и кога не го работат она што не го сакаат, сè додека им носи заработка.

О - Перфекционисти. Желни се за почит и признанија. Конзервативни се, семејството им е на прво место и се трудат да бидат погрижливи за најблиските.

П - Личности кои го живеат животот со полни град. Сакаат патувања и возбудливи авантури. живеат за слава и популарност. Жедни се за големи достигнувања.

Р - И кога молчат, тие се во центарот на вниманието. Ова се храбри, самоуверени личности. Имаат цврст став и со нив не вреди да се расправаш за ништо. Она што го наумиле - тоа и ќе го остварат.

С - Лица на кои најважна им е материјалната бесбесност. Кај нив амбициите се најизразени, а од друга страна, во љубовта се несигурни и често пати несреќни.

Т - Интуитивни, креативни личности кои уживаат во сопствениот замислен свет. Ја обожаваат модата и егзотиката. Принципиелни и го одржуваат дадениот збор.

Ќ - Тажни и меланхолични. Сакаат да ги почитуваат правилата, па се одлични работници. Никогаш не би правеле нешто без љубов.

У - Родени авантуристи. Сакаат патувања и постојано работат на своето воздигнување и духовен развој. Никогаш нема да работат нешто без љубов, без оглед на тоа колкаво богатство би им донело.

Ф - Огромни индивидуалци. Знаат вешто да ги чуваат своите интереси. Не сакаат да должат било што и не ги забораваат услугите кои ги направиле за некој друг. Одговорни се и благодарни.

Х - Сакаат да бидат во центарот на вниманието и заради тоа се подготвени на се, вклучувајќи и негативни работи. Знаат да се снајдат во секоја ситуација и со задоволство ги прифаќаат критиките.

Ц - Луѓето ги доживуваат како дрдорковци на кои јазикот им е побрз од паметот, но зад тоа се кријат вешти манипулатори. Инаку се нежни, секогаш подготвени да ги споделат своите тајни.

Ч - Препознатливи по аристократското, елегантно држење. Достоинствени се и педантни, смирени и добро образовани. Во ниту еден момент не подлегнуваат на провокации.

Џ - Брзи, енергични, полни со живот. Подготвени се да помогнат, да соработуваат, да се дружат. Не можат да си го замислат животот без предизвици и пријатели. Работата ја гледаат како извор на пари, не како задоволство.

Ш - Скромни личности со добра смисла за хумор. Расположението постојано им се менува, па затоа лесно забораваат. Верни се и одлични пријатели.



Би можело да ве интересира:

Датумот на раѓање открива што бевте во минатиот живот и како тоа денес влијае на вас Денот на раѓање зборува многу за вашето минато, но во голема мера ја одредува и ...
Тест на личноста: Розата што ќе ја одберете открива дали ќе ви се исполни најголемата желба Дали ви е најголема желба да сте среќни? Да имате љубов како од бајките? Или да ...
Тест на личноста: Што ве прави неодоливи за луѓето? Првата работа што ќе ја видите ќе ви открие зошто ве сакаат луѓето. Првата ра...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Тест на личност: Дали сте нарцисоидни (без чувства за другите луѓе)? Секој од нас е по малку нарцисоиден и заљубен во себе. Но, ако сакате да провери...
Психолошки тест: Сликата што ве потсетува на човечко лице ќе ви открие детали за вашиот карактер Дали сте избувливи или полни со емпатија? Колку ве допира туѓата среќа или несре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg