Изберете една книга и откријте што ве чека во блиска иднина
Книга број 1
Ако ја избравте првата книга, детето во вас копнее по малку поголема слобода.
Мислите ви се насочени кон некој проблем кој во моментот ви делува дека нема решение, а е поврзан со нешто од минатото.
Ова ве гуши и ви создава нервоза, па ќе почнете да фантазирате за да избегате од ситуацијата која не знаете како да ја решите.
Во овој период ќе ги туркате проблемите „под тепих“, па немојте да се изненадите ако сите потиснати работи „експлодираат“ кога ќе излезат од вас.
Оваа книга има порака за вас - во иднина треба да бидете поодговорни и позрели при соочувањето со проблемите и донесувањето одлуки.
Книга број 2
Ако ја избравте втората книга, пораката што ви ја носи таа е дека треба да се свртите кон вашата романтична страна што поскоро.
Тоа што долго време ги запоставувавте емоциите ве спречува да се впуштите во нова врска и да се „одглавите“ од минатото.
Во моментот кога ќе се соочите со чувствата од минатото, ќе можете да го отворите срцето, па некои нови луѓе да влезат во вашиот живот.
Наскоро ве очекува волшебен период во љубовта и нови познанства со луѓе кои ќе ви станат важен дел од животот во наредниот период.
Една личност што ќе ја запознаете ќе биде ваш одличен животен учител.
Книга број 3
Ако ја избравте книгата број 3, вашето трпение ќе биде ставено пред сериозен тест.
Вие сте од оние луѓе кои сакаат да добијат/направат сè, сега и веднаш, и не можете да дочекате да „созрее ситуацијата“.
Тоа ви создава нервозна и ве прави анксиозни.
Оваа книга за вас носи порака да научите да бидете потрпеливи и помудри.
А во иднина треба да сфатите дека многу работи ќе се случат кога за тоа ќе дојде вистинското време, а не кога вие го сакате тоа.
Ако сакате да ги постигнете своите цели, ќе треба да научите да бидете трпеливи.
Книга број 4
Ако ја избравте последната книга, таа за вас има порака дека веќе сте научиле многу важни лекции кои биле наменети за вас.
Затоа, сега ве чека време на смиреност и целосен душевен мир.
Иднината ви порачува да се свртите кон себе и кон својот внатрешен раст.
Во блиска иднина ќе имате можност да станете најдобрата верзија од себе и да ги соберете плодовите на сето она што го посеавте во минатото.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





