Тест на личноста: Дали сте лидер, тимски играч или добар работник?
Мачка бр. 1
Вие сте трудољубива личност и благодарни сте што имате можност да ги подобрите своите вештини и да бидете дел од некој тим.
Но, понекогаш не ви се допаѓа да работите со други, туку сакате да се истакнете и да ги реализирате своите идеи, зашто верувате дека имаат голем потенцијал.
Научете да комуницирате со другите и стекнете кредибилитет кај вашите колеги, да ги зајакнете односите во тимот, а дури потоа да пробате да се истакнете како поединец - но повторно да работите со поддршка од тимот.
Мачка бр. 2
Креативноста е една од вашите најголеми предности. Вие поседувате квалитети кои ве прават вреден и ценет работник.
Но, постои една карактеристика која ви стои на патот на вашиот развој - претпочитате да живеете по свои правила и да не ги следите туѓите идеи.
Поради ова, мала е веројатноста дека ќе уживате во работата ако некој друг ви кажува што треба да правите.
Вашата оригиналност ви дозволува да се истакнете во поединечни проекти, каде што можете целосно да ја изразите вашата креативност без некој да ве ограничува.
Но, имајте на ум дека тимската работа може да ви ги подобри вештините.
Мачка бр. 3
Несомнено е дека имате извонредни квалитети, но тие не се многу на број и не ве позиционираат како вистински лидер.
Ја цените ефикасноста и соработката со колегите и повеќе сакате да дадете сигурен придонес во работата, наместо да барате индивидуално признание или да се наметнете како лидер.
Сепак, што и да работите, давате 100% и секогаш се трудите да ги одржите добри односите со тимот.
Ова ве прави вреден и почитуван работник во секоја средина.
Мачка бр. 4
Вие сте личност која секогаш ги слуша туѓите мислења и ја цени конструктивната критика.
Постојано работите на подобрување на вашите професионални вештини, зашто сакате да станете најдобри во вашата работа.
Не сте тимски играч, ја цените својата слобода и способноста да се фокусирате на вашите задачи и можете да постигнете оптимални нивоа на продуктивност и квалитет во вашата работа.
Сепак, добро е понекогаш да бидете поотворени за соработка, зашто тоа може да ја збогати вашата перспектива и да ви помогне да растете на професионален план.
Мачка бр. 5
Вие сте голем лидер. Знаете да бидете сочувствителни, внимателно да ги анализирате силните страни и слабостите што можеби ги има вашиот тим и да им влеете доверба на колегите кои не се сигурни во себе.
Вие сте од оние луѓе кои ќе стигнат далеку во кариерата.
Затоа продолжете да ги развивате овие квалитети и да се водите од својата визија за успех, па и вие и вашиот тим да постигнете одлични резултати.
Мачка бр. 6
Вие сте исклучително посветени на вашата работа, вистински лидер кој може да се жртвува за она што навистина му е потребно на вашиот тим.
Грижливи сте и ќе направите сè за да ги заштитите колегите.
Вашата посветеност и лидерство ги инспирираат другите да постигнат повеќе во работата и да ги решаваат проблемите со единство.
Заедно со вашиот тим секогаш постигнувате неверојатен успех.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





