Изберете едно дрво и дознајте како ве гледаат луѓето (и што мислат за вас)?

Дрво број 1

Ако го избравте ова дрво, големината и ширината на неговите гранки ги симболизираат вашата величественост и духовност.

Вие имате голема желба и потреба да давате, но понекогаш не наоѓате храброст да преземете акција, бидејќи сте прилично срамежливи.

Луѓето ве гледаат како дарежлива и чувствителна личност, полна со емпатија.

Дрво број 2

Ова е дрвото на бесмртноста.

Иако имате силна личност, понекогаш сте несигурни и барате поддршка од блиските.

Луѓето имаат поделено мислење за вас - за едни сте пример за цврстина и упорност, за други сте плашлива и нерешителна личност.

Дрво број 3

Број 3 е дрвото на мудроста - бидејќи има сочни црвени јаболка, симболизира знаење што го подобрува животот.

Вие без сомнение се стремите кон богатство, но тоа е повеќе духовно, отколку материјално.

Луѓето имаат впечаток дека сте меѓу најпаметните личности што ги познаваат поради вашиот бистар ум и брз јазик.

Дрво број 4

Кога станува збор за завршување на некоја работа, ви нема рамен.

Вие сте лојални и доверливи, и за разлика од повеќето луѓе кои прават големи работи за себе, сакате да им помогнете на другите дури и кога не морате.

Бидејќи секогаш помагате со леснотија и насмевка, малкумина сметаат дека сте наивни, но повеќето веруваат дека сте добродушни и широкогради.

Дрво број 5

Ова шарено, малку украсено дрво, симболизира изобилство, љубов и здравје.

Шарените цветови на него, кои се густо споени во крошната, потсетуваат на заедништво, па ако сте го избрале ова дрво, вие не сакате да сте сами, сакате друштво и врева, забава...

Луѓето, пак, ве гледаат како отворена личност на која пријателствата ѝ се особено важни.

Дрво број 6

Имате природна дарба во комуникацијата со луѓето, (најчесто) добро се согласувате со сите и затоа им се допаѓате на многу луѓе.

Трпеливи сте и сакате да помагате, што ве прави вистинска личност кога некому му треба рамо за плачење.

За вас постои мислење дека сте дарежливи, но и дека сте личност на која може да ѝ се верува.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првото животно што ќе го видите на илустрацијата ќе ги открие тајните на вашата личност Ако видовте камила - вие сте личност која не се откажува што и да ви се случи. К...
Одберете лист и дознајте – што да направите за да си ги остварите големите животни цели? Дали треба да ги слушате советите на саканите или треба да си ја вратите самодов...
Тест кој открива каква личност сте и што ве прави анксиозни во врската: Што видовте прво? Кога би требало да се опишете самите себеси, дали би биле доволно искрени и дали...
Одберете еден ангел и откријте каква скриена порака ви шепоти Се верува дека ангелите се гласници и на грчки и латински јазик, зборот означува...
Психолошки тест на личност: Која е вашата скриена моќ? Одберете едно животно без многу да размислувате - вашата потсвест ќе ви открие к...
Тест на потсвеста: Изберете едно дрво и дознајте на кое поле ве чека среќа оваа есен Погледнете ја илустрацијата пред вас и одберете го дрвото кое најмногу ќе ви го ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg