Што открива начинот на седење за вашиот карактер?
Дали седите исправено или повеќе сакате да седите на подот со прекрстени нозе? Што кажува начинот на седење за вас?
Многу работи што ги правиме несвесно откриваат интересни детали за нашиот карактер.
Што открива начинот на седење за вас?
Со прекрстени нозе
Оваа положба покажува дека се чувствувате безгрижно.
Поставеноста на нозете укажува дека сте отворени за нови идеи.
А, флексибилноста што е потребна за овој начин на седење покажува дека сте флексибилна личност и во животот.
Со исправен грб
Седењето со исправен грб значи дека сте самоуверена личност.
Ако седите вака речиси постојано, вие сте силна личност на која другите можат да се потпрат.
Истовремено, знаете да ги цените малите нешта во животот.
Навалени на едната рака
Ако најзгодно ви е да седите на под, навалени на едната рака, ова значи дека сте личност која размислува логички.
Овој начин на седење ви овозможува полесно да го анализирате вашето опкружување, без многу труд.
Исто така, вие сте грижлива личност која често е свесна за туѓите емоции.
Со прекрстени глуждови
Ако најчесто седите вака, вие сте елегантна, но приземјена личност.
Оваа положба покажува и дека се чувствувате удобно во вашето опкружување.
Притоа, со оваа положба правите другите околу вас да се чувствуваат самоуверено.
Држење за рачките на столот/фотелјата
Оваа положба покажува дека сте чувствителни и секогаш свесни за вашето опкружување.
Држењето за рачките ви нуди и некаква удобност и сигурност.
Честото седење во оваа положба кажува и дека сте стабилна и приземјена личност.