Картата која ќе ја одберете открива порака за вашата блиска иднина

Карта бр. 1 – СИЛА

Со сигурност не можеме да ги предвидиме ситуациите коишто ни се случуваат во животот, но секако можеме да одлучиме како ќе реагираме на нив. Постојат чувства кои ограничуваат, како на пример лутина, очај и болка и чувства како оптимизам, љубов и верба кои нè прават подобри луѓе и нè тераат да продолжиме напред.

Чувствата со коишто ќе одберете да живеете и ставовите што ги имате поврзани со случувањата во животот се ваши и само ваши, но секогаш потсетете се дека го привлекувате она што сте.

Ако сакате некого ќе привлечете љубов, ако сте среќни ќе привлечете среќа. Доколку сакате вашиот живот да биде добар и исполнет со убавина, тогаш исполнете го и својот ум со позитивни мисли. Ќе видите како тие се манифестираат секаде каде што одите. Одлуката е ваша, а штом ја одбравте оваа карта сигурно ќе ја донесете вистинска, не предавајќи им се на негативните чувства.

Карта бр. 2 – ЉУБОВ

Вашиот ум е како голем филмски екран на којшто ги проектирате вашите мисли. Навистина е неверојатно како овие мисли што ги проектирате секогаш наоѓаат начин да се манифестираат во реалниот свет.

Ако мислите ви се позитивни, продолжете да размислувате со ова темпо и да ја ширите добрата енергија на луѓето околу вас. Секој ден пред спиење, заблагодарете се за добрите работи коишто ви се случиле во текот на денот.

Од друга страна, доколку се соочувате со некаква тажна ситуација или сакате дел од работите да тргнат во поинаков правец, размислувајте на темата со љубов и позитивност, односно замислете ги работите онака како што сакате да се одвиваат.

Овој едноставен чин има моќ да го трансформира вашиот свет и вашиот став. Време е да се отворите конечно кон љубовта и сите прекрасни работи што Универзумот сака да ви ги даде. Време е да бидете среќни!

Карта бр. 3 – ПРОМЕНИ

Оваа порака доаѓа во вашиот живот за да ве потсети дека колку и да правите мудри избори во животот, понекогаш околностите коишто ве опкружуваат преовладуваат.

Треба да сфатите дека иако постојат ситуации кои дефинитивно не можете да ги промените, секогаш имате можност да го живеете на поинаков начин.

Можеби мислите дека е дојдено вистинското време да го промените начинот на којшто ги гледате дел од работите во животот, но запомнете – во животот не постојат проблеми туку само предизвици што треба да ги надминете. Секоја криза во вашиот живот претставува нова можност да го извлечете максимумот од лошата ситуација.

Разочарувањата ќе ги замените со вербата дека секој нов ден ќе биде подобар од претходниот и дека и покрај тоа што вашиот живот е убав овде и сега, најдобриот дел допрва доаѓа.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Психолошки квиз: Kоја боја е вашиот карактер и што открива тоа за вас? Дали сте смирена личност која не се плаши да се потчини, или вриете од нервоза а...
Забавен квиз: Дали размислувате како типичен Македонец? Што правите кога сте во хотел со шведска маса, или додека чекате кога е гужва на...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз за родители: Дали децата ви го уништуваат сексуалниот живот? Дали откако сте станале родители, целосно заборавивте на интимниот живот со парт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg