Секоја жена е убава на свој начин: По што сте препознатливи вие?
Дали сте жена која плени со сензуалните усни или пак со негуваната кожа? Кој е вашиот најсилен атрибут?
Велат дека убавината е моќ, а жената е најубава кога е насмеана. Исто така, убавината излегува на површина во моментот кога ќе бидете доволно самоуверени и ќе одлучите да бидете тоа што сте.
Но, покрај внатрешната убавина и блесокот на очите, вие мора да знаете и како да ја истакнете вашата надворешна убавина. Без разлика дали имате полни усни, убава кожа или впечатливи очи, треба да го истакнете тоа што го сметате за ваш најсилен атрибут.
Па, кој може да ѝ одолее на жена со усни обоени во црвена храбра нијанса или пак на негувани раце со долги нокти во впечатлива боја?
Пролетта е време за будење и освежување на нашите навики за убавина, па овој квиз ќе ве потсети која е вашата најсилна страна и што ви недостига во торбичката за козметика.