Дали сте попаметни од Трамп? Решете го тестот за интелигенција од неговиот доктор
Дали според интелигенцијата можете да му парирате на Доналд Трамп? На когнитивниот тест, тој не покажал никакви абнормалности и го решил со максимални 30 поени, тврди неговиот доктор.
Дали ќе успеете и вие да го направите истото?
Имате 10 минути за да си ги проверите концентрацијата, вниманието, меморијата, јазикот, пресметувањето, ориентацијата и уште неколку клучни елементи.
Ви треба уште еден испитаник кој ќе ви ги бодува резултатите.
Клучно е да знаете барем почетен степен на англиски јазик.
Просечниот резултат на тестот е 27,4 поени, а доколку имате над 26 поени - може да кажете дека мозокот ви работи беспрекорно.
Кликнете тука за да го решите тестот.
Бодување:
1 прашање - 1 поен ако нема никакви грешки и пречкртувања.
2 прашање - 1 поен ако коцката е идентична, неискривена и тридимензионална.
3 прашање - 1 поен ако часовникот има облик на правилен круг. 1 поен ако сите бројки се нацртани во кругот, внимателно распоредени. Уште 1 поен ако стрелките се нацртани точно, од прв обид.
4 прашање - 1 поен за секое погодено животно.
5 прашање - нема поени
6 прашање - по 1 поен за секоја правилно наброена низа на бројки
7 прашање - ако имате повеќе од 2 грешки, имате 0 поени
8 прашање - 4 или 5 точни одговори: 3 поени / 2 или 3 точни одговори: 2 поени / 1 точен одговор: 1 поен / 0 точни одговори: 0 поени
9 прашање - 0 поени ако наброи помалку од 11 зборови
10 прашање - по 1 поен за секој точен одговор
11 прашање - за секој збор по 1 поен
12 прашање - ако промаши една од потребните информации, добива 0 поени.
М. Д. | Црнобело