Тест кој открива како се спријателувате: Како ќе ја јадете слатката колиба?
Решение на тестот:
1. Едноставно ќе почнете да јадете сè што ќе видите пред вас
Вие сте отворена и искрена личност. Малку сте детинести и секогаш сте наивно и ентузијастично настроени. Овој директен пристап кон светот овозможува другите луѓе околу вас полесно да ве прифатат и сфатат. Имајте на ум дена не се сите луѓе на светот така отворени и искрени како вас.
2. Ќе се обидете да пробате што е можно повеќе различни видови на слатки
Светот е преполн со различни типови на луѓе, а вие би сакале сите да ги запознаете. Вие сте вистински мајстор во пронаоѓањето на добрите и позитивни карактеристики на луѓето. Иако преферирате да испробувате различни вкусови, ќе дојде време кога ќе треба на некоја личност да и кажете „Ти си најслатка личност која ја познавам“.
3. Ќе го пронајдете омилениот сладок десерт и само тој ќе го јадете
За вас сосема доволно е да најдете една личност на светот која ќе ги дели вашите интереси, вкусови и ставови. Но, ако се ограничувате само на еден „сладок десерт“, односно врска, ќе ги намалите можностите да ги искусите различните примамливи слатки кои може пријатно да ве изненадат и да ви го променат животот.
4. Не сте некој љубител на слатки и повеќе би сакале солени грицки.
Вас воопшто не ви пречи поимот „чудак“ и во склад со тоа, вие имате натпросечен број на интересни ликови во вашиот живот. Живеењето како аутсајдер има свои позитивни страни, а вие најмногу уживате во можноста да се одвоите од масата.