Тест: Кој влез најмногу ве плаши?
Влез број 1
Ако најмногу се плашите од замрзнатата пештера, тоа е заради потребата од емоционална потреба. Преплашени сте од чувствата на осаменост, несреќа и фрустрација. Стравот од оваа пештера ви е сосема нормален и издржан, затоа што всушност се наоѓате на вистинското место во животот, точно знаете кои сте и се прифаќате целосно. Богатството кон кое тежнеете е љубовта и постојано ја барате од партнерот, семејството, пријателите, па дури и новите познаници. Никогаш нема да ги разберете луѓето без емоции.
Влез број 2
Ако се наеживте на самата помисла да влезете во тунелот, тоа значи дека би требало да одите на едно кратко емотивно патување. Матната вода обично е симбол на замаглените мисли кои ги имате и потребата за прочистување. Отстранете се што ви претставува терет. Покрај тоа, одбирањето на овој влез укажува дека ви е потребна поголема самодоверба. Користете зборови за да ги решите проблемите, не молчете. Запомнете дека на крајот на секој тунел има светла точка.
Влез број 3
Ако се плашите да влезете во напуштената куќа, најверојатно сте многу силна, интелигентна и аналитична личност. Тежнеете кон повисоки стандарди и тоа го очекувате и од луѓето во ваша близина. Циглите ги симболизираат ѕидовите кои ги имате поставено околу вас и никој не може да ги сруши. Сепак, не се чувствувајте толку загрозено и не се изолирајте. Срушете ги бариерите затоа што ви е потребно духовно исполнување. Жедни сте за поврзување на емотивно ниво со некој кој е на иста бранова должина и подеднакво амбициозен.
Влез број 4
Ако оваа напуштена куќа е вашата ноќна мора, тогаш домот е суштината на вашиот живот и во него вложувате многу. Дарежливи сте, храбри и предадени на луѓето кои ги сакате. Обожавате кога сте заштитнички настроени и сакате кога љубовта ќе го надмине материјалното. Оваа слика ве плаши најмногу затоа што ве асоцира на скршено срце и распаѓање на семејството. Сакате кога богатството ќе го стекнете со напор, штедење и голема ангажираност, но емоционалната стабилност секогаш ќе ви биде на прво место.
Влез број 5
Помислата да западнете во овој бунар ви предизвикува страв затоа што не знаете што да очекувате таму, ниту како ќе излезете потоа. Се плашите од самотијата доколку решите да влезете во него, затоа што сте свесни дека сами не можете да се извлечете. Некои луѓе би уживале со своите мисли во ваква ситуација, но вие попрво би се опкружиле со пријателите. Богатството по кое трагате е авантурата, односно сакате да го истражувате светот, но само во друштво на луѓе кои им верувате.
Влез број 6
Ги сакате веќе познатите и испробани работи, па затоа овој подземен влез ви претставува најголем страв. Не сакате да копате во минатото, односно голем број на тајни сакате да ги зачувате за себе. Богатството кое го барате е суштината на животот, а со тоа повлекувате голем број на љубопитни прашања. Постојано барате цел кон која ќе се движите, но бидејќи сте плашливи и не знаете како тоа да го изведете, секогаш играте на сигурно. Сепак, имате голем потенцијал ако се ослободите од границите и стегите во мозокот.
Влез број 7
Ако овие скали предизвикуваат најголем страв, вие сте гладни за живот и сакате да ги преминувате границите. Симнувањето во непозната просторија за вас е еднаква на смрт, а вие најмногу се плашите од болести и самото завршување на животот. Богатството кое го барате во животот е здравјето и знаете дека тоа е клучно за да можете да ги остварите сите цели. Сепак, треба да му дадете поголемо значење на психичкото здравје и да ги проширите хоризонтите наместо постојано да живеете во грижи.
Влез број 8
Ако се плашите од тешката метална врата опкружена со камен, имате добра причина. Сината врата ве асоцира на нешто студено и напуштено, а никогаш нема да се осмелите да ја преминете затоа што себеси се сметате за стабилни, продуктивни и горди. Не знаете како би преживеале ако се изолирате од саканите. Богатството по кое трагате во животот е утехата, затоа што сте преоптоварени со строгите и високи вредности. Гледајте надвор од границите.