Тест: Кои се вашите силни и слаби страни во животот?
Решенија:
Пресметајте под која буква ви и најчесто заокружен одговор и пронајдете каква личност сте.
Категорија А
Ако најмногу заокружени одговори имате под А, вашата скриена сила е под влијание на Месечината.
Личност: Вие сте грижлива личност која мисли на другите. Кога ќе се уверите во нечија наклонетост, се препуштате на чувствата и премногу давате од себе.
Силна страна: Вие сте многу сензитивни и имате изразена способност да сочувствувате со другите, особено силно покажувате љубов и внимание.
Слаба точка: Емотивно сте многу ранливи и чувствителни.
Љубовни врски: Склони сте дури да прифатите и подредена положба, особено во име на љубовта.
Цели: Им допуштате на другите да имаат моќ, многу сте шармантни и љубезни кон другите и кон светот околу себе. Време е нешто да побарате и за себе за возврат во некој тимски спорт, заедничка акција и да научите да кажете „Не“.
Ваше мото: Со малку љубов може сè да се постигне.
Категорија Б
Ако сте заокружиле најмногу одговори под Б, вашата скриена сила е под влијание на Сонцето.
Личност: Вие умеете да ја канализирате енергијата за да ги остварите приоритетните цели. По природа сте многу страстни и во состојба сте успешно да ги спроведете своите намери и на дело.
Силна страна: Зрачите со енергија, многу сте храбри , одлучни и горделиви.
Слаба страна: Понекогаш го изразувате својот егоцентризам, сакате моќ и со тешкотија препознавате вистински вредности кои ги красат луѓето.
Љубовни врски: Тежнеете кон независност.
Цели: Потполно сте посветени на остварување на она што го сакате од животот и постојано се натпреварувате со другите. За лично добро на оние кои се околу вас, пожелно е да водите урамнотежен живот, внимателно да ги слушате другите и да бидете доволно флексибилни. Дозволете си понекогаш да ви се случи и нешто непланирано.
Ваше мото: Ако постојано ја корнете тревата, таа никогаш нема да може доволно да израсне (стара кинеска поговорка)
Категорија В
Ако сте заокружиле најмногу одговори под В, тогаш со вас управува Земјата
Личност: Вие сакате да бидете во позадина на своите емоции. За тоа да го постигнете, треба многу добро да се познавате сами себе.
Силна страна: Кај вас е изразена самосвеста и чувствителноста.
Слаби страни: Се плашите да се препуштите на сонувањето и поради тоа многу губите, бидејќи пропуштате многу шанси за да си го збогатите животот.
Љубовни врски: Потребна ви е независност и слобода – често чувствувате притисок.
Цели: Природа и сите видови уметност – уметничкото изразување ви овозможува инспирација. Релаксирајте се секогаш кога можете. Читајте, пишувајте, сликајте. Важно е да се дружите со различни луѓе и од нив да учите.
Ваше мото: Не можете да се издигнете ако не се потпирате на земјата на која претходно сте паднале.
Категорија Г
Ако сте заокружиле најмногу одговори под Г, тогаш со вас управува Ѕвездата
Личност: Вие постапувате според интуицијата. Вашата креативна моќ е во согласност со срцето, чувствата и умот. Имате научено да се прифатите себе. Знаете многу да пружите и многу да примите.
Силна страна: Поседувате харизма, имате нагласена смисла за хумор и на добар пат сте да го доживеете секое задоволство во животот.
Слаба страна: Вашиот избалансиран поглед на животот не им е на сите јасен.
Љубовни врски: За вас најважна е меѓусебната доверба и емотивното предавање.
Цели: Посветете се на некој групен или друштвен проект (хуманитарна акција, борба против предрасудите или зачувување на животната средина)
Ваше мото: Ние се наоѓаме во овој живот, на оваа планета за да ја откриеме својата слобода и смисла.