Тест: Кои се вашите силни и слаби страни во животот?

Секоја личност поседува своја харизма  или нешто што ја прави посебна и различна од останатите и ѝ дава специфичен шарм - единствен печат. Дали доволно добро си ја познавате сопствената внатрешна сила? Дали на вас најмногу влијае Сонцето, Месечината, Земјата или ѕвездите?

test-koi-se-vasite-silni-i-slabi-strani-vo-zivotot-01

Како може да ја искористите својата внатрешна, скриена енергија за да го поминете животот со полни гради или онаков како што навистина го сакате?

Ако правилно ја насочите својата внатрешна сила може позитивно да влијаете на развојот на сопствената личност, да ја зголемите издржливоста и да научите правилно да ги прифаќате своите слабости како и да се борите против нив и да напредувате.

Одговорите пронајдете ги во тестот, каде со одбирање на најчестата буква, според она што ви одговара, ќе откриете многу работи за својата личност.

1. Размислете - Вие сте дете на...

а) Ѕвездата

б) Земјата

в) Своите родители

г) На Земјата и на Ѕвездата


2.
Што ви дава најголема сила?

а) Љубовта и вниманието кое луѓето го чувствуваат кон вас

б) Љубовта која вие ја чувствувате кон другите луѓе

в) Борбата која ја водите за најважните цели и лични уверувања

г) Взаемната доверба, внимание и припадност – заедништво.


3.
Слика на некоја изложба ви го привлекува вниманието. За неа помислувате:

а) Оваа слика има мистериозно значење, тешко се толкува

б) Јас би насликал/а иста ваква слика, баш ми одговара

в) Оваа слика е многу декоративна

г) Уметникот и јас сме на иста бранова должина, исто се чувствуваме.

4. Животот за вас е...

а) Долга и мирна река – има свој тек

б) Морска бура – различни изненадувања и големи промени

в) Низа можности за нов почеток кои секогаш одново ви се укажуваат

г) Време на постојани промени, движења.


5. Емоциите за вас се...

а) преубава симфонија составена од нежни ноти

б) вкусно јаболко кое го гризете со големо уживање

в) затворена книга секогаш мистериозна

г) Магична слика со весели бои


6. Која боја според вашето мислење, најдобро ја опишува нашата планета?

а) Сина

б) Црвена

в) Сива

г) Зелена


7.
Сами сте среде свежа и ведра ноќ. Имате чувство на...

а) Осаменост или несигурност

б) Моќ  - чувствувате лична сила

в) Студенило и несигурност

г) Задоволство – исполнети сте со некое чувство на сигурност


8.
Љубовта за вас е...

а) Освојување и привлекување на друга личност

б) Потрага по друга личност – својата втора половина

в) Чувство на носталгија – желба за некого

г) Потреба за соединување со друга личност


9.
Крајот на одредена епоха го гледате како...

а) Криза на уверувањето која ве води до некоја караница

б) Прилика во која може некој да ве зграпчи, во исчекување сте за големи промени

в) Период на пресвртници – почеток на ново време

г) време на големи трансформации и промени – нов напредок.


10.
Кога ќе видите личност која зрачи со задоволство, вие помислувате...

а) задоволството се стекнува со текот на времето и искуството

б) задоволството е последица на некоја победа или квалитетен и успешен живот

в) Семејството, пријателите и личната среќа даваат чувство на задоволство

г) Стануваме задоволни штом се прифатиме себе или своето вистинско јас во целост – онакви какви што сме навистина.

Решенијата дознајте ги на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: 10 празнични прашања на кои не смеете да го згрешите одговорот Знаете ли кој божиќен филм има најголема заработка на сите времиња? А како се ви...
Психолошки квиз: Kоја боја е вашиот карактер и што открива тоа за вас? Дали сте смирена личност која не се плаши да се потчини, или вриете од нервоза а...
Ретро музички квиз: Погодете ги стиховите на македонските детски песни „Дувна ветре развигорче, нишна гранче над изворче. Дувна ветре будигора…“ „Ду...
Квиз: Ќе ги погодите ли сите одговори што почнуваат на буквата „В“? Во кој град е роден Кочо Рацин? A знаете ли кој воен конфликт заврши во Сајгон в...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg