Тест: Кога сте најпродуктивни на работа?
Не можат сите работници подеднакво да функционираат во сите 8 работни часа. Не му одговара секому стандардното работно време, но не секогаш постои избор.
Сепак, доколку имате можност за промени, добро е да знаете кој дел од денот можете да го дадете својот максимум на работното место, а со тоа да ја зголемите и продуктивноста во работата.
Направете го овој тест и откријте го вашето идеално време за работа во денот. Наспроти сите факти дека за повеќето од нас одењето на работа подразбира рано станување и фиксно работно време, продуктивноста во работата зависи од биоритамот, кај секого поединечно.
Дали сте утрински, дневни или вечерни работници?
Пресметајте дали имате најмногу одговори под А, Б или В!
1.Што прво правите кога ќе дојдете на работа?
а) Ги организирате обврските за почеток на работниот ден
б) Читате е-пошта
в) Пиете кафе
2. Кога треба да направите нешто важно...
а) Веднаш почнувате да работите на тоа
б) Се трудите тоа да ви биде приоритет во однос на останатите работи
в) Се подготвувате да останете подолго на работа
3. За време на викенд или на одмор обично...
а) Рано станувате за да го искористите денот
б) Станувате малку подоцна, но сепак имате време за да стигнете да направите нешто пред ручекот
в) Спиете до доцна за да го надоместите сонот
4. Кога обично си легнувате во текот на работната недела?
а) Зависи, но обично брзо после вечерата
б) Рано, за да немате проблем со станувањето наутро
в) Никогаш пред 2 часот после полноќ
5. Совршен почеток на денот за вас е кога...
а) Брзо го завршувате она што е итно и преминувате на останатите работни обврски
б) Го започнувате денот со појадок и вежби
в) Кога конечно дошол викенд
6. Која од овие поговорки се однесува на вас?
а) Кој рано рани, две среќи граби
б) Не оставај го за утре, она што можеш да го завршиш денес
в) Подобро некогаш, отколку никогаш
Резултатите дознајте ги на следната страница...