Забавен тест: Колку сте интелигентни?
Одговори:
1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?
- 1 час
2. Дали во САД постои 25. декември?
- Да
3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?
- Чкорчето
4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?
- Сите
5. Што пишува на монета од 3 денари?
- Не постои монета од 3 денари
6. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?
- 1 час
7. Сонуваш дека си во темен тунел, од една страна доаѓа воз, а од другата страна змеј. Што ќе направиш?
- Ќе се разбудите
8. Што било пред 1945 година?
- 1944 година
9. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?
- Не
10. Дали е можно во САД да се венчате со сестрата на својата вдовица?
- Не, веќе си мртов
11. Ако под полна Месечина фрлиш црвен камен во црно море, што ќе се случи?
- Ќе потоне
12. Ти си мој син, а јас не сум ти мајка. Што сум ти јас?
- Татко
13. Ако на човек му се отсече десната раката, колку прсти му остануваат?
- 15 прсти
14. Авионот се срушил на канадско - американска граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?
- Никаде, бидејќи не се мртви
15. Колку родендени има мајката на 3 деца?
- Еден роденден, својот
16. Јаболкницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче им по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дрвото?
- Ниедна, бидејќи не растат круши на јаболкница
17. Колку пати во текот на 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?
- 22 пати
18. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?
- Не, ќе биде полноќ.
19. Бел петел снесол јајце на граница. Чие е јајцето?
- Петелот не може да снесе јајце
20. Колку е 10 и 30?
- 10 и пол.
Резултати:
Колку грешки имате и колку сте интелигентни:
0 = супер интелигентен, генијалец
1-2 = многу интелигентни
3-4 = прилично интелигентни
5-7 = просечно интелигентни
8-10 = приглупи
11-14 = сомнителен за околината
15-17 = идиот
18-20 = многу опасен за околината
НАПОМЕНА: Овој тест е за забава, затоа немојте премногу сериозно да ги сфаќате резултатите!
Какви се вашите резултати, пишете ни во коментарите!