Забавен тест: Колку сте интелигентни?

Прашањата решавајте ги без долго размислување и по редослед, а потоа погледнете ги точните одговори и соберете колку погрешни одговори имате.

resete-go-ovoj-zabaven-tekst-za-inteligencija-01

На крајот, врз основа на резултатот заклучете колку сте над или под просечната интелигенцијата и колку треба да работите на себе. Забавувајте се!

Прашања:

1. Ако легнеш во 8 часот и го навиеш часовникот да ти ѕвони во 9 часот, колку време ќе спиеш?

2. Дали во САД постои 25. декември?

3. Ако во кибритот имаш само едно чкорче и влезеш во темна соба во која се наоѓаат: петролејка, плинска светилка и печка на дрва, што прво ќе запалиш?

4. Некои месеци имаат 30, а некои 31 ден, колку месеци во годината имаат 28 дена?

5. Што пишува на монета од 3 денари?

6. Докторот ти дал 3 таблети, да ги пиеш по една на секој пола час. Колку долго ќе ги пиеш?

7. Сонуваш дека си во темен тунел, од една страна доаѓа воз, а од другата страна змеј. Што ќе направиш?

8. Што било пред 1945 година?

9. Дали е можно човек кој живеел северно од Њујорк да биде погребан западно од Мисисипи?

10. Дали е можно во САД да се венчате со сестрата на својата вдовица?

11. Ако под полна Месечина фрлиш црвен камен во црно море, што ќе се случи?

12. Ти си мој син, а јас не сум ти мајка. Што сум ти јас?

13. Ако на човек му се отсече десната раката, колку прсти му остануваат?

14. Авионот се срушил на канадско - американска граница. Каде ќе ги погребат преживеаните патници?

15. Колку родендени има мајката на 3 деца?

16. Јаболкницата има 3 гранки, на секоја гранка има по 3 гранчиња, на секое гранче им по 3 плодови, секој плод има 3 семки. Колку крушки има на дрвото?

17. Колку пати во текот на 24 часа минутната стрелка преминува преку часовната стрелка?

18. Ако денес на пладне паѓа многу дожд, може ли за 36 часа да се очекува силно сонце?

19. Бел петел снесол јајце на граница. Чие е јајцето?

20. Колку е 10 и 30?

На следната страница погледнете ги одговорите и резултатите...



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку знаете за Макфест? Која пејачка е прва победничка на Макфест? А во кој град се одржува фестивалот? ...
Квиз: Каков тип на турист сте? Што ви е најважно кога одите на патување? Дали сте турист што сака луксуз, да вн...
Квиз: Колку го познавате животинскиот свет? Колку срца има октоподот? А кое животно, исто како и луѓето, минува низ период н...
Квиз: Дали вашата љубовна врска е пред распаѓање? Дали врската ви е пред распаѓање? Постои ли нешто што може да се спаси, или е вр...
Квиз: Можете ли да ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Ш“? Која актерка беше во брак со Ѓорѓи Колозов? Како се вика птицата преселница со д...
Квиз: Општи прашања за Скопје на кои треба да го знаете одговорот Без разлика дали живеете во Скопје или не, факт е дека сите треба да имаме барем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg