Брз тест по македонски јазик – Каде се пишува „ј“, а каде не?

Меѓу самогласките „е“ и „а“ во литературни заемки задолжително се пишува буквата „ј“, па оттука:

1. пејач;

2. грејач;

Во група од три или повеќе самогласки во непосреден допир, меѓу втората и третата се пишува ј, па оттука:

3. се смееја;

4. успеаја;

5. испеаја;

Меѓу две самогласки, ако е втората „и“, тогаш не се пишува „ј“, па оттука:

6. идеи;

Меѓу одделни самогласки: „ае“, „ое“ не се пишува „ј“, па оттука:

7. чаеви

Пред наставката „-ец“ кај именските образувања изведени од имиња што завршуваат на „-ија“ и „–еја“, не се пишува „ј“, па оттука:

8. Индиец;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“, не се пишува „ј“, па оттука:

9. делеа сендвичи;

Во самогласните групи каде што втората самогласка е „а“ во некои случаи не се пишува буквата „ј“, па оттука:

10. веам знаме.

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брз тест по правопис  – Каде се пишува буквата „ј“, а каде не? „Се насмеаа“ или „Се насмеаја“, „Спиеа“ или „Спиеја“... Како беше правилно? „...
Квиз: Прашања кои мора да ги знаете ако сте имале 5-ки во училиште Знаете ли што е Ел Дорадо или кои бои се наоѓаат на знамето на Италија? Знает...
Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: Колку знаете за 7-те светски чуда на модерниот свет? Големиот кинески ѕид, Таџ Махал, Чичен Ица – проверете колку знаете за 7-те свет...
Квиз: 10 општи прашања по македонски јазик и литература (на кои треба да го знаете одговорот) На колку прашања поврзани со македонскиот јазик и литература ќе одговорите ведна...
Квиз: Дали ќе ги погодите сите одговори што почнуваат на буквата „Г“? Со кој филм се прослави Расел Кроу? Во која држава се наоѓа планината Олимп? Про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg