Брз тест по македонски јазик - Дали правилно ги употребувате формите за множина?
1. Кај именките од среден род множината се формира со додавање на наставките: -а, -иња и поретко со –и.
Во конкретниот пример и „јаболка“ и „јаболки“ многу често се употребуваат, со тоа што формата „јаболка“ е стандардна, додека втората „јаболки“ е разговорна форма.
2. Избројаната множина кај именките се формира кога пред нив имаме прилог што означува точно количество, а кај именките од машки род таа се формира така што се додава наставката – а, па оттука:
два листа од тетратка.
3. Множинската форма кај едносложните именки се формира со додавање на наставките: - ови и –еви и оттука и двете форми се правилни:
ножови и ножеви.
4. Според правилото за избројана множина кога има прилог за количество се употребува наставката –а, па оттука:
два клуча;
5. Повторно се навраќаме на правилото за избројана множина, со оглед на тоа што пред именката стои бројот „четири“ тука точното решение ќе биде:
четири моста;
6. Именката „коњ“ формира множина со додавање на наставката –и, па оттука:
коњи;
7. Повторно и тука важи правилото за избројана множина, па оттука:
два сина;
8. Именката сладолед е од машки род и формира избројана множина, па оттука:
купи 5 сладоледа;
9. Треба да се прави разлика меѓу именките дрва и дрвја. Множинската форма „дрва“ се употребува кога зборуваме за дрва за употреба, како огревно дрво и сл., додека формата „дрвја“ се употребува за растенијата во природата, оттука:
Во шумата растат листопадни дрвја.
10. Именката „нос“ формира множина со додавање на наставката –еви, па оттука:
Луѓето со големи носеви.
Б. С. Б. | Црнобело