Брз тест по македонски јазик – Знаете ли каде треба да стојат буквите „ќ“ и „ѓ“?
Каде треба да стои „ќ“, а каде „к“? Кој зборови се пишуваат со „ѓ“, а кои се со „г“?
1. Пред буквите Е и И не се пишува „ќ“, туку „к“, па оттука:
Кибрит;
2. Зборот веѓа што го означува делот над очната длабнатина што е обраснат со влакна се пишува со „ѓ“, па оттука множинската форма е:
Веѓи;
3. Разговорната форма на глаголот „не сака“, „нејќе“ се пишува со „ќ“, па оттука:
Нејќете;
4. Во зборовите од несловенско потекло (кои имаат турско и грчко потекло) се користи буквата „ѓ“, па оттука:
Ѓуле;
5 и 6. Буквата „ќ“ често се среќава во зборовите од турско и грчко потекло, како ќар, ќотек, ќофте, спанаќ, па оттука и:
Ќумур;
Ќебап.
7. Пред Е и И во зборови од несловенско потекло не се пишува „ѓ“, туку „г“, па оттука:
Ангел;
8 и 9. И овде важи правилото од првиот пример, па затоа:
Килим;
Кираџија;
10. Во зборовите од несловенско потекло (турски и грчки), се пишува буквата „ѓ“, па оттука:
Ѓердан.
Б. С. Б. | Црнобело
фото: depositphotos.com