Брз тест по македонски јазик – Знаете ли каде треба да стојат буквите „ќ“ и „ѓ“?

brz-test-po-makedonski-jazik-znaete-li-kade-treba-da-stojat-bukvite-kj-i-gj-02.jpg

Каде треба да стои „ќ“, а каде „к“? Кој зборови се пишуваат со „ѓ“, а кои се со „г“?

1. Пред буквите Е и И не се пишува „ќ“, туку „к“, па оттука:

Кибрит;

2. Зборот веѓа што го означува делот над очната длабнатина што е обраснат со влакна се пишува со „ѓ“, па оттука множинската форма е:

Веѓи;

3. Разговорната форма на глаголот „не сака“, „нејќе“ се пишува со „ќ“, па оттука:

Нејќете;

4. Во зборовите од несловенско потекло (кои имаат турско и грчко потекло) се користи буквата „ѓ“, па оттука:

Ѓуле;

5 и 6. Буквата „ќ“ често се среќава во зборовите од турско и грчко потекло, како ќар, ќотек, ќофте, спанаќ, па оттука и:

Ќумур;

Ќебап.

7. Пред Е и И во зборови од несловенско потекло не се пишува „ѓ“, туку „г“, па оттука:

Ангел;

8 и 9. И овде важи правилото од првиот пример, па затоа:

Килим;

Кираџија;

10. Во зборовите од несловенско потекло (турски и грчки), се пишува буквата „ѓ“, па оттука:

Ѓердан.

Б. С. Б. | Црнобело

фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Квиз: Погодете ги географските поими чии одговори почнуваат на „М“ Коe познато светско обележје се наоѓа на Андите? Ако ве бива за географија, лесн...
Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат разделено, а кои не? Дали знаете како е правилно – сеуште или сè уште? А, дали е правилно многуброен ...
Квиз: Погодете ги сите одговори што почнуваат на буквата „Т“ Кој е прекарот на Сашо Мацановски, водителот на Кој сака да биде милионер? А кој...
Играме брза географија: Набројте ни барем 5 села на буквата „С“ во Македонија Дали ја познавате доволно добро нашата држава? Дали на моменти пријателите се ше...
Квиз: Погодете ги популарните дестинации кои почнуваат со буквата „А“ Можете ли да се сетите која популарна летна дестинација во Кипар почнува на букв...
Квиз: Ќе положите ли македонски јазик и литература на државна матура? Во која категорија спаѓаат зборовите адне, хејта и лајкне според нивната употреб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg