Тест низ 10 прашања: Знаете ли каде се користи надреден знак во македонскиот јазик?

Надреден знак се пишува само во три случаи:

- над самогласката „е“ во кратката заменска форма од „нас нè“, за да се разликува од негацијата „не“.

- над самогласката „е“ во прилогот „сè“, за да се разликува од кратката заменска форма од повратната заменка „себе се“ која често ја употребуваме со повратните глаголи; како и од помошниот глагол сум во трето лице множина (тие се).

- над самогласката „и“ кај кратката заменска форма од „нејзе ѝ“ за да се разликува од сврзникот „и“.

Оттука решенијата на десетте прашања се:

1. Сè што сакав да ти кажам;

2. Нас не нè викнаа;

3. Мајка ѝ ѝ рече;

4. Ќерка ѝ отиде во училиште;

5. Не е злато сè што сјае;

6. Сè уште помнам како се смеевме;

7. Нам ништо не ни рекоа;

8. Ништо не ѝ рече;

9. Не ѝ дозволи да зборува;

10. Татко ѝ ја викна дома.

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

Квиз: Колку прашања поврзани со книжевностa ќе одговорите без помош на Гугл? Знаете ли кој го запишал епот „Илијада“, а знаете ли како се вика човекот што са...
Квиз: Прашања поврзани со февруари кои мора да ги знаете Дали знаете кое е старото име на февруари? А на кој датум е роден нашиот истакна...
Квиз: Прашања поврзани со април кои мора да ги знаете Колку денови имал април во раниот јулијански календар? Кој скапоцен камен е симб...
Квиз: 7 работи поврзани со ноември што мора да ги знаете од општа култура Кој детски фестивал традиционално се одржува во Скопје во ноември? Кој бенд...
Квиз: 7 работи поврзани со септември што мора да ги знаете од општа култура Што се слави во Македонија на 8-ми Септември? А кои се двата хороскопски знака к...
Географски квиз: На кои држави припаѓаат популарните острови? Знаете ли на која држава ѝ припаѓаат Хаваите или, пак, островот Хвар? Колку знае...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg