20 Прашања за самоанализа: Запознајте се себе

Една од најголемите човекови слабости е „слепото” прифаќање на негативните влијанија од другите луѓе. Таа слабост е штетна за многумина кои не увидуваат дека ја поседуваат, но и за оние кои одбиваат да ја поправат.

20-prashanja-za-samoanaliza-zapoznajte-se-sebe-1

Ако сакате да се видите себе во вистинското светло, тогаш во тоа ќе ви помогнат овие прашања.

Одговорете ги гласно за да си го чуете гласот и дознајте дали негативните влијанија делуваат врз вас и на тој начин ќе успеете да ги блокирате луѓето кои ви нанесуваат штета, но и да се борите против сите ваши стравови.

20 прашања за самоанализа:

1. Дали им се жалите на другите дека често се чувствувате лошо и ако е така, која е причината за тоа?

2. Дали во другите луѓе барате недостатоци?

3. Ја сакате ли вашата работа? Ако одговорот е не, зошто?

4. Дали им завидувате на оние кои се подобри од вас?

5. На што повеќе посветувате време: во размислување за успех или за неуспех?

6. Го менувате ли вашето мислење под туѓ притисок или влијание?

7. Дали со своето присуство негативно влијаете врз другите луѓе?

20-prashanja-za-samoanaliza-zapoznajte-se-sebe-2jpg

8. Кои ваши навики ги вознемируваат другите луѓе?

9. Создавате ли сопствено мислење или им дозволувате на другите да ве водат?

10. Дали често се предомислувате? Зошто е тоа така?

11. Дали имате навика да завршувате сѐ што сте почнале?

12. Дали се додворувате на луѓето само заради нивниот социјален или финансиски статус?

13. Која личност ја сметате за најголем човек во историјата? На кој начин таа личност е подобра од вас?

14. Дали избегнувате соработка со другите луѓе? Зошто е тоа така?

20-prashanja-za-samoanaliza-zapoznajte-se-sebe3

15. Дали со годините стекнувате самодоверба или постепено ја губите?

16. Извлекувате ли вредни лекции од своите грешки?

17. Кои навики на луѓето најмногу ве вознемируваат?

18. Дали вашата религија ви помага да ја одржите позитивната енергија?

19. Која е вашата најголема грижа? Заради која причина ја поднесувате истата?  

20. Кој е вашиот најголем страв? Дали сметате дека премногу патите од него?

Одговорите пишете ни во коментарите!  Во текот на наредните месеци, повторно навратете се назад на овие прашања и погледнете дали ќе имате некои измени или вредни работи кои ќе ги научите. 

Би можело да ве интересира:

Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...
Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg