Тест: Колку добро го познавате партнерот?
Со помош на анкетата во која соработувале 200 парови, др.Џон Готман, светски признатиот експерт за љубовни врски, откриено е дека квалитетот на љубовната врска и нејзиниот потенцијал, најлесно е да се предвидат според квалитетот на пријателството.
Колку подобро го познавате партнерот и неговиот внатрешен свет, вашата врска ќе биде поквалитетна и подолга.
Овие прашања ќе ви помогнат да откриете колку добро го/ја познавате партнерот/ката.
Забележувајте колку одговори имате со ДА.
1. Дали ги познавате пријателите на партнерот/ката?
- Да
- Не
2. Знаете ли во моментов што најмногу го/ја загрижува?
- Да
- Не
3. Знаете ли за што сонува вашиот партнер/ка?
- Да
- Не
4. Знаете ли која е животната филозофија на вашиот партнер?
- Да
- Не
5. Знаете ли да наброите барем неколку роднини кои вашиот партнер/ка ги сака?
- Да
- Не
6. Дали го/ја допирате и бакнувате страствено?
- Да
- Не
7. Дали вашиот партнер ве почитува?
- Да
- Не
8. Дали во вашиот однос постои оган, страст и романтика?
- Да
- Не
9. Дали на крајот на работниот ден ви е драго да се видите?
- Да
- Не
10. Дали секогаш ве слуша со почитување?
- Да
- Не
Резултати:
8 или повеќе одговори со ДА: Честитаме! Вие имате јака врска полна со разбирање!
4 до 7 одговори со ДА: Вашата врска е во развој. Постојат многу начини на кои можете додатно да ја унапредите и зацврстите. Работете на комуникацијата и посебно внимание посветете на слабостите кои ги воочувате.
Помалку од 4 одговори со ДА: Вашата врска најверојатно поминува низ проблематична фаза. Ако ова ве загрижува, веројатно имате желба да ја спасите. Потрудете се!