Тест на личноста: Кој ви е најголемиот страв, според тоа што цртате на хартија?
Цртеж 1
Вие се плашите да им верувате на луѓето. Најверојатно сте имале некое лошo искуство во минатото поради кое сте почнале да си верувате само себеси и да се потпирате само самите на себе.
За да се ослободите од овој страв престанете да имате очекувања од другите луѓе. Само видете ги такви какви што се, без предрасуди и негативни прогнози.
Цртеж 2
Вие се плашите од осаменост. Многу се врзувате за луѓето и кога ќе дојде до разидување на вашите патишта сте многу загрижени.
Сте имале ситуации на осаменост, па се плашите од тоа чувство.
Но, запомнете луѓето не се засекогаш и мора да се научите да пуштите и продолжите понатаму.
Цртеж 3
Вие се плашите од мислењата на другите, односно секогаш сте загрижени кој што ќе каже за вашите постапки, зборови и изглед.
Овој внатрешен дијалог ве изморува.
Запомнете дека мислењата на другите се одраз на нивните уверувања, стравови и предрасуди, тие гледаат низ призмата на сопственото искуство и тоа не кажува ништо за вас.
Цртеж 4
Вие се плашите да ризикувате. Ве плаши непознатото и можноста за неуспех.
Повеќе сакате да останете во својата зона на комфорот, каде сè ви е познато и предвидливо.
Но, мора да запомните дека некогаш најголемиот ризик е да не ризикувате и дека ризикот е неопходен за раст и развој. И не плашете се, и неуспесите се дел од животот.
Цртеж 5
Вашиот најголем страв е дека нема да придонесете ништо за овој свет. Често размислувате за својот живот и за тоа што ќе оставите зад себе.
Престанете да се споредувате со другите, запомнете дека секоја личност е единствена и го пронаоѓа својот пат.
Размислете што ви носи среќа и задоволство во животот и фокусирајте се на тоа.
Цртеж 6
Вашиот најголем страв е одново да се вљубите. Најверојатно во минатото бевте многу повредени и сега имате штит пред себе.
Запомнете дека љубовта е ризик и иако е добро што сте свесни колку може да биде деструктивна, во ред е да го отворите срцето, дури и по цена да бидете повредени.
Само така ќе може да пронајдете љубов повторно.
С. С. | Црнобело