Нова „паметна“ WC шолја чини колку автомобил и има неверојатни функции
Новите изуми во голема мерка ни го олеснуваат животот, а оваа WC шолја дефинитивно е еден од нив.
Технологијата е луда работа, некои научници креираат летала за во вселената, но други се концентрираат на креирање на „паметни“ WC шолји.
Сега е произведена една со цена како автомобил. Таа чини 11.000 долари.
Ова чудо на технологијата е наречено „Neorest NX2“ и е произведено од компанијата „Toto“.
Кога ќе се доближите до оваа WC шолја, капакот со помош на сензори сам ќе се отвори, а кога ќе завршите со работа тој сам ќе се спушти.
Со оваа шолја нема потреба од тоалетна хартија затоа што таа автоматски ве мие со помош на млазови вода, а потоа ве суши со топла пареа.
Опциите може да се наместат по ваша желба со помош на специјална апликација инсталирана на вашиот телефон.
WC шолјата може да биде загреана кога седнувате или да свети ако ја користите во мрак. По користењето таа испушта и освежувач за воздух. Со други зборови, ќе стори сè што човекот во нормални околности прави.
Како изгледа новата „паметна“ WC шолја:
С. С. | Црнобело