Што значи да се биде Јутубер?
Кога ќе се спомене јутубер, луѓето најчесто реагираат на одбивен начин, сметајќи ги за нереализирани персони кои социјализацијата ја бараат во виртуелниот свет. Ова прашање кај нас сѐ уште е табу, но од ден во ден се поместуваат границите на толеранција и вистинската суштина на поимот пополека излегува на виделина.
„Значењето на зборот јутубер во поширока смисла значи секој човек кој аплоадира видеа на Јутуб.
Но, во потесна смисла, попрецизно, Јутубер е човек кој пред сѐ се промовира себе си со помош на платформата Јутуб. И не зборувам за промоција: „Еј видете ме кој сум ја“, туку го искажува своето мислење со помош на сопствените вештини за изработка на видео“, се изјаснува македонскиот Јутубер Иван Ајнштајн кој во приложеното петминутно видео го соголува поимот Јутубер и го разобличува неговото значење.
Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело