Дали функционираат триковите за мобилни телефони кои ги гледаме онлајн?
Ослободете се од гребаниците на екранот со помош на паста за заби
Резултат: Триењето на пастата за заби од вашиот екран нема многу да помогне да се изгубат гребаниците, а дури може да направи и повеќе да се гледаат. Овој трик е многу популарен, но изгледа некорисен.
Ставете шише со вода врз блицот на телефонот за да направите ноќно светло
Резултат: Функционира. Ќе имате одлична атмосфера за гледање филм на пример.
Сликајте се користејќи го копчето на слушалките
Вклучете ги слушалките во телефонот, вклучете камера и стиснете на копчето на кабелот од слушалките.
Резултат: Функционира. Конечно може да се сликате сами и од далеку.
Спасете го телефонот од вода
Извадете го телефонот од вода и исчистете ги добро со марамче или пешкир сите делови – картичка, батерија, капаче. Потоа издувајте ја преостанатата вода и ставете го телефонот во вреќичка со ориз кој ќе ја апсорбира влагата.
Резултат: Функционира, но не секогаш и не целосно. Ако телефонот претходно долго стоел натопен и примил многу вода, тешко ќе може да се спаси само со ориз. Или, можеби ќе успеете да го спасите телефонот, но не и екранот. Во секој случај, вреди да се проба.
М. М. | Црнобело