Дали функционираат триковите за мобилни телефони кои ги гледаме онлајн?
Сигурно многупати сте читале трикови кои ќе ви послужат за нешто поврзано со вашите мобилни телефони.
На пример, како да направите маска за телефон, како да го исчистите екранот, да направите држач итн.
Но, дали тие трикови навистина функционираат и имаат некаков резултат?
Ние одбравме неколку најпопуларни, а вие дознајте кои од нив се точни, а за кои воопшто не треба да се трудите:
Користете батерија наместо стапче за допир на екранот
Резултат: Батеријата е одлична замена за стапчето. Само допрете го до екранот со крајот на батеријата каде што стои знакот минус.
Направете држач за телефонот од обична спојувалка
Резултат: Телефонот се држи без проблем во исправена спојувалка за хартија. Сега можете лесно да гледате видеа без да размислувате дали телефонот ќе падне.
Намотајте фолија за готвење врз прстот на ракавиците
Резултат: Трикот функционира, па затоа оваа зима не мора да купувате специјални ракавици со кои ќе можете да работите на екран со допир.
Исчистете го USB влезот од прашина и нечистотија со шприц
Резултат: Нема разлика во чистотата на USB влезот пред и по употребата на шприц.
Направете маска за телефон од балон
Прво надувајте го балонот, но не целосно и потоа малку втиснете го телефонот во него. Пуштете го балонот да го испушти воздухот и телефонот ќе се заглави во балонот како во ракавица.
Резултат: Функционира. Затоа, ако немате маска за телефонот, а не сакате да трошите пари, слободно искористете го овој трик.