Како секогаш и секаде да најдете бесплатен интернет?
-->
Никој не може да одбие бесплатен безжичен интернет, а посебно доколку сме на некое патување во странство. Оваа година, овој проблем е решен.
Имено, Фејсбук минатата година ја тестираше опцијата “Find Wi-Fi“, а оваа година е подготвен да ја претстави пред јавноста.
-->
Сé што треба да направите е да влезете во “Settings“ на вашиот профил на Фејсбук, да одберете “More“ и да ја најдете опцијата “Find Wi-Fi“. Ќе ви се отвори мапа на сите места во близина кои нудат бесплатен безжичен интернет.
Ако ја немате оваа опција, за брзо време ќе им биде достапна на сите корисници на iOS и Android уреди.
М. В. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор...
„Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
-->
-->