Револуција во комуникацијата кај слепите лица – паметен часовник кој прима и праќа текстуални пораки
Неговото име е „Dot“ или во превод „Точка“ и е специјално дизајниран за луѓето кои се слепи.
Овој елегантен часовник е револуционерен уред во поглед на комуникацијата кај слепите лица. Многу од „паметните“ часовници претходно се потпирале на аудио инструкции, но наместо тоа, „Dot“ прикажува Брајова азбука, односно текст, наменет за комуникација кај слепите лица.
Часовникот може да создаде четири карактери истовремено на екранот и ова е прв уред од ваков тип.
Начинот на кој функционира звучи едноставно, но биле потребни скоро 3 години да се создаде овој часовник. Најголемиот предизвик бил како да се заштитат малите елементи (односно топчињата), а оставајќи ги истовремено функционални за употреба.
Освен што може преку допир да се „читаат“ пораките од екранот, корисниците може и да испратат едноставен одговор преку страничните копчиња на часовникот.
Ерик Ким е човекот кој стои позади реализацијата на оваа неверојатна идеја, откако забележал како неговиот слеп соученик носи огромни книги за време на предавањата, додека останатите користеле таблети.
Кога дознал дека таквите учебници се исполнети со Брајова азбука, тој се шокирал од обемноста и фактот што никој сé уште не решил да ги искористи предностите на новата технологија.
Почетната продажба на овие часовници започнува следниот месец во Лондон, по цена од 320 долари.
Погледнете ги реакциите на луѓето кои веќе имале можност да го испробаат „Dot“ часовникот за време на бета-тестирањето:
(О)Милена | Црнобело