Како во филмовите: Робот - личен асистент кој ве следи каде и да одите
Дали некогаш сте посакале оние роботи од филмовите да постојат и во реалноста?
Бостонска компанија верува дека креирала нешто слично на нив, роботи кои ќе ви бидат од голема помош во секојдневието и нема да бараат многу одржување.
֦Гита” е автономен карго-бот дизајниран од „Piaggio Fast Forward“ (PFF) кој служи како личен асистент.
Способен е сам да се врати дома, да пренесува тешки матријали, па дури и да ви помогне во прошетката на кучето.
Погледнете како фукнционира и размислете за неговата опширна употреба.
Способен е да ве следи каде и да одите и има посебни фиоки за да ги поделите подобро вашите производи.
Роботот може да преминува и низ повисоки пречки.
Исто така, монтиран е и лед екран, кој постојано ќе ви го покажува часот, нивото на батеријата и други дополнителни информации.
И. И. | Црнобело