Најпопуларниот пасворд во светот е разочарувачки лесен

Поголемиот дел од луѓето на интернет воопшто не се мачат да смислат уникатен пасворд за заштита на личните податоци. Можете да претпоставите кој е најпопуларниот и најупотребуваниот пасворд? 123456. Лесно е да се погоди.

najpopularniot-pasvord-vo-svetot-e-razocaruvacki-lesen-001.png

Оваа информација ја потврдува компанијата за безбедност, „Keeper“ од сите 10 милиони „хакнати пасворди“ од минатата година. Во 2016-та година се случија неколку напади и беа откриени многу пасворди и лични информации на корисниците, посебно од интернет страната за состанување, „AdultFriendFinder“.

Во други случаи, како со „Linkedin“, нападот се случи пред многу години, ама информациите дури сега беа откриени.

Кои пасворди се меѓу најпредвидливите?

На прво место е како што споменавме погоре, 123456. На второ место е 123456789, а потоа следат: qwerty, 12345678 и 111111.

„Најмалку седум од најупотребуваните пасворди, содржат 6 или помалку карактери што делумно е вина и на самите компании кои дозволуваат да се употребат такви пасворди.“ - велат од „Keeper“.

„Листата полека се менува низ годините, ама тоа не е доволно. Корисниците мораат да станат свесни за ризиците од одбирање на лош пасворд. Подолгите пасворди можеби тешко се паметат, ама тоа не е изговор да се употреби едноставен пасворд како qwerty, на пример“ - додаваат.

Уште една работа на која треба да се внимава е да се трудите да одбирате различен пасворд за секоја платформа или социјална мрежа која ја употребувате.

А, најдобро е да имате и уште еден фактор на потврда, како на пример да добивате код на мобилен телефон.

Конечно, ова е целата листа на најчесто употребувани пасворди кои доколку ги употребувате, најдобро е веднаш да ги промените:

1. 123456

2. 123456789

3. qwerty

4. 12345678

5. 111111

6. 1234567890

7. 1234567

8. password

9. 123123

10. 987654321

11. qwertyuiop

12. mynoob

13. 123321

14. 666666

15. 18atcskd2w

16. 7777777

17. 1q2w3e4r

18. 654321

19. 555555

20. 3rjs1la7qe

21. google

22. 1q2w3e4r5t

23. 123qwe

24. zxcvbnm

25. 1q2w3e

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg