10 изуми од светот на технологијата кои заблескаа во 2016-та година
-->
Светот на иновациите не мирува. Оние работи, како патиките кои сами се врзуваа во филмот „Враќање во иднината“ не се повеќе фикција. Тие станаа реалност, благодарение на иновацијата на „Nike“.
Технологијата се движи со неверојатна брзина, а овие иновации се одличен доказ дека светот има потреба од паметни умови.
-->
Еве кои 10 изуми од светот на технологијата го возбудија светот во 2016-та година:
„Flyte“ - Светилка која лебди со помош на електромагнетни бранови и резонантна индуктивна спрега која прави да свети
„Solar Roof / Изум на „Tesla“ и „Solarcity“ - Соларен покрив наместо стандардни панели за подобар изглед на домот
„Nike Hyperadapt 1.0“ - Патики со автоматско врзување и стегање
„PlayStation VR“ - Уред наменет за виртуелно играње на „Sony PlayStation 4“
-->
-->
„Quip“ - Вибрирачка четка за заби која ве потсетува да смените насока на четкање по 30 секунди
-->
„Dyson Supersonic“ - Бесшумен фен за коса, чиј звук не го детектира човечкото уво
„Dji Mavic Pro“ - Дрон со големина на векна леб и неверојатно напредни перформанси за снимање и одбегнување други објекти во близина
-->
„Arc InstaTemp“ - Паметен термометар кој работи без допир со инфрацрвена технологија на детектирање телесна температура
„Apple Airpods“ - Безжични слушалки со микрофон и „паметно“ стопирање музика за време на дојдовни/појдовни повици
„Wynd“ – Пренослив филтер со големина на мало шише вода за прочистување на воздухот
(О)Милена | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор...
„Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...