HTC и Under Armour ги здружија силите

Најдобротo во мобилната технологија и дизајн заедно со врвното во спортските перформанси.

htc-i-under-armour-gi-zdruzija-silite-01.jpg

ХТЦ и Under Armour најавија стратешкото партнерство со кое стануваат пионери во поврзувањето на мобилните иновации и спортските перформанси како подршка на спортистите низ целиот свет.

ХТЦ дизајнира серија на производи кои беспрекорно ќе функционираат со   UA Record™, најновото надополнување на Under Armour Connected Fitness - најголемата фитнес мрежа во светот. Under Armour ја лансираше UA Record™  апликацијата и веб страната на овогодинешниот CES.

UA Record™ е најновото надполнување на најцелосната фитнес мрежа во светот која ја вклучува колекцијата MapMyFitness апликации која ги содржи и MapMyRun  MapMyRide со преку 31 милион членови.

Петер Чоу, Генералниот директор на ХТЦ, истакна: ‘‘Мобилните иновации целосно ги сменија животите на луѓето во последните години, поврзувајќи нè повеќе од било кога. Сега сакаме да им помогнеме на луѓето да бидат подобро поврзани со себе си, да ги остварат своите цели и да добијат подлабоки сознанија за себе за да го дадат најдоброто од себе. Здружувајќи ги силите со Under Armour, еден од највозбудливите и амбициозни лидери во поддршката на спортистите, го преземаме првиот чекор преку кој ќе обезбедиме спектар на производи и услуги кои ги поврзуваат здравјето и фитнесот на начин на кој ниту еден друг бренд не може да го постигне.‘‘

Робин Турстон од Connected Fitness, Under Armour рече:  “ХТЦ е познат по својата бестрашна определност кон иновации, надополнета со внимание кон детаљи и премиум дизајн, карактеристики кои го прават идеален партнер за Under Armour  и UA Record™. Користејќи ги овие заеднички вредности во нашата соработка, ќе им овозможиме на спортистите ширум светот надоградување на своите перформанси на поинтуитивен и поврзан начин од било кога порано.

Иновација - тимска работа

Тим дизајнери, спортски научници и спортисти од Under Armour заедно со тимот на ХТЦ работат заедно со цел да ги задоволат високите очекувања на спортистите од целиот свет.

‘‘Ова е нов правец за нас кој е неверојатно возбудлив‘‘, додаде Петер Чоу. ‘‘Сакаме нашите продукти да одговорат на потребите на секого – без разлика дали тренирате да го постигнете најдобриот личен резултат на следниот полумаратон или пак сте професионален спортист кој позади себе има сел тим од тренери. Досега, ниту една компанија не беше способна да го испорача ова ниво на поддршка.‘‘ Чувствувам дека имаме огромна можност да го раздвижиме и забрзаме развојот на овој пазар.‘‘

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg