Застрашувачки видеа од ерупција на вулкан во Исланд – Може да уништи цел град
- Детали
- среда, 20 декември 2023
Твитер е преплавен со надреални, но и застрашувачки видеа од ерупцијата на вулкан во Исланд. Иако активноста на вулканот се намалува, експертите сметаат дека сè уште постои ризик да се случи друга ерупција и да уништи цело гратче кое веќе е евакуирано.
Исланд е позната како земја на вулкани каде што ерупциите не се ништо ново. Сепак, ерупцијата на вулканот во близина на градот Гриндавик дефинитивно се истакнува.
Гратчето беше евакуирано пред еден месец, по низа земјотреси кои ги зголемија шансите од ерупција.
Вулканот еруптира во понеделникот (18.12) и иако експертите велат дека неговата активност се намалува, сепак уште постои ризик.
Most realistic picture i've seen in internet about an #iceland #Grindavik eruption pic.twitter.com/o5nkXw6hw2
— Sara Green (@xaragreen) December 20, 2023
Ерупцијата се случила на околу три километри од гратчето, но наводно имало тунели со магма кои стигнуваат до него.
Покрај можноста да биде бидат уништени градбите во гратчето, надлежните стравуваат и од загадување на воздухот во областа, вклучувајќи го и главниот град Рејкјавик, поради чадот од вулканот.
Во меѓувреме, Твитер е преплавен со надреални видеа од ерупцијата.
Дел од нив во продолжение:
https://twitter.com/WarMonitoreu/status/1737379658608644444
Peaking inside the main crater at eruption near Grindavik and Blue Lagoon.
— Greg Lukosek (@lukos86) December 20, 2023
Mount Kelir in the background. Watch the whole video including massive fountains of lava at the end 🌋 #volcano #drone #grindavik #iceland pic.twitter.com/NgFPhzBgZu
Latest visuals of the volcanic eruption north of Grindavik, #Iceland. (December 19, 2023). pic.twitter.com/9nFu8WJuQp
— 𝐓𝐡𝐞 𝐇𝐞𝐫𝐚𝐥𝐝 𝐃𝐢𝐚𝐫𝐲 (@TheHeraldDiary) December 20, 2023
Stunning overhead view of the #Iceland #volcano #eruption #IcelandEruption #icelandvolcano pic.twitter.com/wJbrI3N5vM
— SITREP▪︎FUBAR (@SITREPFUBAR) December 20, 2023