Срцепарателни објави на познатите личности во чест на кошаркарскиот великан Коби Брајант и неговата ќеркичка Џиџи
Никол Шерцингер
„Срцето ми се крши за Коби и за оние кои се погодени од оваа ужасна трагедија. Ги испраќам моите молитви и љубов до нивното семејство и најблиските. Ништо не е ветено во овој живот, не смееме да земеме ништо „здраво за готово“.“
Адам Левин
„Се мачам да пронајдам зборови. Затоа, ќе дозволам неговите да зборуваат најгласно.“
Бехати Прислу
„Моето срце оди кон фамилијата Брајант и сите погодени од оваа несреќа.“
Џон Леџенд
„Животот понекогаш може да биде толку брутален и бесмислен. Држете се до вашите најблиски. Ни недостигаш, Коби.“
;I'm so sad and stunned right now. In Staples Arena, where Kobe created so many memories for all of us, preparing to pay tribute to another brilliant man we lost too soon, Nipsey Hussle. Life can be so brutal and senseless sometimes. Hold on to your loved ones. We miss you, Kobe
— John Legend (@johnlegend) January 26, 2020
Тејана Тејлор
„2012 година...Се сеќавам на овој ден како вчера...Толку возбудена и нервозена... Првиот спортист кој веруваше во мојата спортска визија и го искористи времето за да ми даде интервју за мојот спортски блог.
Се сеќавам како плачев во автомобилот, а денес во него плачам поради потврдената вест дека веќе те нема...“
;
Хали Бери
„Не постојат вистински зборови кои ќе ја пренесат длабочината на мојата тага...“
Двејн Џонсон
„Љубовта е засекогаш.“
Крис Браун
„Фрапиран! Почивај во мир кралу.“
Алекс Родригез
„Ќе се сетам на неговата величина. Ќе се сетам на неговото водство. Ќе се сетам на неговото пријателство. Ќе се сетам дека тој ме направи подобра личност.
Неговата 13-годишна ќерка Џиана ги следеше стапките на својот татко. Таа беше љубезна, паметна, грижлива и ќе беше ѕвезда...“
Мила М. | Црнобело