Мила Кунис речиси непрепознатлива на прошетка со Ештон Кучер и децата (фото)
- Детали
- понеделник, 26 октомври 2020
Мила Кунис и Ештон Кучер не се типичен холивудски пар, тие ги учат своите деца дека се сосема „обични“, а Мила во секојдневието има сосема лежерен моден стил, што дури не би ја препознале.
Мила Кунис и Ештон Кучер беа фотографирани на прошетка, откако гласаа на изборот за претседател на САД и на себе гордо ставија налепници со напис „Јас гласав“.
Парот кој е во брак од 2015 година беше фотографиран заедно со 6-годишната ќерка и 3-годишниот син.
Сите носеа маски на лицето според препораките, а Мила Кунис беше во лежерно издание, сосема поинаква од црвениот тепих.
Но, Мила и Ештон се познати по тоа што не се типичен холивудски пар и живеат скромно и приземјено.
Фотки од прошетката: