Бисексуалност, работела како таен агент: Факти за животот на импресивната Грета Гарбо
- Детали
- вторник, 23 јуни 2020
Светот уште долго ќе зборува за мистериозноста и убавината на Грета, која најпрво работела како касиерка во супермаркет.
Грета Гарбо, чие вистинско име е Грета Ловиса Густафсон, е родена во 1905-та година во Шведска. Таа потекнува од сиромашно семејство и кога имала 14 години останала без татко. Со цел да ѝ помогне на мајка си, Грета се вработила во еден супермаркет во Стокхолм.
Додека работела таму сопствениците сакале да рекламираат нова колекција шапки и им бил потребен модел. Тогаш тие ја забележале Грета и, на некој начин, тогаш започнала нејзината кариера.
Во 1922-та таа се запишала во драмското училиште во Стокхолм и таму му го привлекла вниманието на финскиот режисер Мориц Стилер. Тој е и личноста што ѝ го дал псевдонимот Гарбо.
Стилер ѝ дал и улога во неговиот филм The Saga of Gosta Berling, а после успешната соработка, основачот на студиото MGM, Луис Мајер, ги поканил неа и Стилер во Холивуд.
Интересно е што кога дошла во САД, Грета не знаела англиски. Нормално, со текот на времето го научила јазикот, но поради нејзиниот акцент, студиото MGM се двоумело дали да ѝ дозволи да се појави во филм со дијалози, или да ја остават како ѕвезда од „немите“ филмови.
Кога конечно се одлучиле да ѝ дадат улога за која треба да зборува, филмот го рекламирале со фразата „Гарбо зборува!“.
Постоеле многу гласини за односот меѓу Стилер и Грета, но се верува дека иако можеби постоела љубов, нивната врска не била интимна, најмногу поради сексуалната ориентација и на двајцата. За Стилер било познато дека е бисексуалец, а се верува дека истото важи и за Грета, но наводно повеќе преферирала жени.
Во 1928-ма Стилер починал, но наводно Грета не присуствувала на неговиот погреб.