Синчето на Новак Ѓоковиќ неуморно навиваше за својот татко на Ролан Гарос (фото)
- Детали
- петок, 31 мај 2019
Јелена Ѓоковиќ објави фотка од синот Стефан кој за првпат го следи мечот на неговиот татко во живо, а Новак изјави дека тоа е посебен ден за него, бидејќи играл пред неговиот син.
Победите не се ништо ново за Ѓоковиќ, но она што беше поразлично на последниот меч од вообичаено, е присуството на неговиот син Стефан кој го бодреше.
„За мене ова е многу посебен ден бидејќи за првпат во животот играм пред мојот син. Тој покажа неверојатно трпение и издржа час и половина. Вообичаено, не е толку трпелив со тенисот.“ – изјави Новак.
Неговата сопруга, Јелена, на нејзиниот Инстаграм профил објави фотка од синот и напиша: „Денес за првпат го гледаше неговиот татко во живо“.
Инаку, малечкиот Стефан претходно присуствувал на неколку мечови, но не успевал да издржи до крај, па затоа сите се изненадени и среќни што навивал за својот татко до самиот крај.
4-годишниот Стефан го следи во живо мечот на неговиот татко:
М. М. | Црнобело