Славни личности кои отворено зборувале за нивниот абортус
- Детали
- понеделник, 27 мај 2019
Животот на славните личности не е воопшто лесен, а многу познати дами се имаат отворено за своето искуство со абортусот кое долго време го чувале за себе.
Со усвојувањето на законот за забрана на абортус во САД, покрај многуте „обични луѓе“, и славните личности се кренаа на нозе во текот на изминатиот месец и почнаа отворено да зборуваат против оваа одлука.
Помеѓу славните личности има многу жени кои поминале низ абортус од различни причини и целосно го поддржуваат овој чин, што сметаат дека е лична одлука на жената и на никој друг.
Многу од нив одлучиле да се отворат и јавно да зборуваат за нивното искуство, кое долго време го чувале во себе.
Кои од славните жени имале абортус?
Бизи Филипс абортирала на 15 години
„Ви го кажувам ова бидејќи искрено сум исплашена за жените и девојките низ цела земја и мислам дека сите треба да зборуваме повеќе и да ги споделуваме нашите приказни. Ниту еден закон кој забранува абортус не може да сопре некој да го донесе овој личен избор, но овој закон ќе ги стави жените во ризик. Секоја жена заслужува сочувство и нега, не осудувања кога станува збор за нивното тело.“
Џамила Џамил смета дека абортусот ѝ е најдобра одлука
Актерката целосно го осудува овој закон и одлука, а изјавила дека имала абортус кога била млада и смета дека тоа била најдобрата одлука за себе, но и за бебето за кое не била подготвена емоционално, психолошки и финансиски.
Според неа со закон за забрана на абортус многу деца ќе завршат во дом за деца без родители.
Мила Јовович имала итен абортус пред 2 години
„Пред 2 години поминав низ неопходен и итен абортус. Бев бремена 4 ипол месеци и снимав на локација во Источна Европа. Отидов на предвремено породување и ми кажаа дека морам да сум будна во текот на процедурата. Тоа беше едно од најужасните искуства. Абортусот е ноќна мора и ниту една жена не треба да помине низ тоа. Но мора да се бориме за да бидеме сигурни дека доколку е неопходно, тоа ќе биде сигурна процедура. Никогаш не сакав да зборувам за ова, но не можам да останам тивка.“
Ники Минаж абортирала кога била средношколка
„Мислев дека ќе умрам. Бев тинејџер. Тоа беше најтешкото нешто низ што некогаш сум морала да поминам и ме прогонуваше цел живот. Не бев подготвена за дете, немав ништо што да му понудам.“
Роуз Мекгоуан не се срами од нејзиниот абортус
„Бев под контрацепција и не успеа. Сфатив дека не можам да донесам дете во мојот свет и да го менувам светот. Не жалам за мојата одлука и не беше донесена лесно. Ако не сакате абротус, не абортирајте. Мое тело, мој избор, мој живот.“
М. М. | Црнобело