Џорџ Клуни: „Амал работи на случај против ИСИС, се плашам за нашата безбедност“
- Детали
- понеделник, 27 мај 2019
Прекрасната сопруга на Џорџ Клуни се бори против најопасната терористичка организација на светот.
Џорџ Клуни е горд што е во брак со опасна жена адвокат која се бори за човековите права.
Но, во едно неодамнешно интервју откри дека Амал моментално работи на случај против ИСИС и дека е загрижен за нивната безбедност и безбедноста на нивните 2-годишни близнаци.
„Сè се менува кога имаш две деца и треба да размислуваш како да ги заштитиш. Мојата сопруга работи на голем случај против ИСИС на суд, па имаме многу проблеми, вистински, сериозни проблеми со безбедноста со кои треба да се справуваме на дневна база. Не сакаме нашите деца да бидат нечија цел, па обрнуваме големо внимание на тоа.“
Клуни додаде дека на моменти му недостига анонимноста за да може слободно со сопругата да ги прошетаат децата низ парк. Вели дека се обиделе, но постојано се собирале луѓе околу нив со желба да се сликаат.
С. С. | Црнобело