Forbes за Тамара на Евровизија: „Вистинската личност со вистинската порака за еднаквост“
- Детали
- среда, 22 мај 2019
Македонија заврши на 8-то место на Евровизија со 295 поени, што е најголем успех на Македонија досега, а Тамара Тодевска ја направи својата држава горда со изведбата на „Proud“, пишува Forbes.
Песната носи силна порака и, иако многумина ја прогласуваат за химна на феминистките, Тамара вели дека ова е песна за сите на кои им било кажано дека треба да ја спуштат главата за да ги следат општествените правила, што нема смисла во 21-от век.
За Македонија гледањето на Евровизија годинава беше емотивен ролеркостер. Тамара со пораката за охрабрување на жените дефинитивно погоди во центарот и стана миленичка на многумина, па дури и на Бој Џорџ.
Macedonia so far for me!
-->-->— Boy George (@BoyGeorge) May 18, 2019
Тамара за Forbes вели дека овој миг го чекала целиот свој живот и сфатила дека е најважно да се опкружи со вистинските луѓе, затоа што немала да успее без нејзиниот неверојатен тим.
Целата статија на Forbes прочитајте ја ТУКА!
С. С. | Црнобело