Кејт и Вилијам уживаат во природа со децата, а принцот Луи ги направи првите чекори (фото)
- Детали
- понеделник, 20 мај 2019
Кејт и Вилијам викендов уживаа со децата на игралиште во шума и не пропуштија да го овековечат моментот од игрите во природа, како и првите чекори на принцот Луи.
Принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи уживаа во детските игри со родителите во прекрасната градината на Кејт, а фотките ги објавија на официјланиот профил на Кензингтонската палата.
Војвотката од Кембриџ ја откри градината во шума, чија цел е да ги охрабри децата да поминуваат повеќе време надвор и во природата.
Децата боси трчаа низ дрвените патеки и ги шлапкаа нозете во вода, се лулаа на лулка заедно со родителите, а принцот Луи ги направи и првите чекори.
Иако се дел од кралското семејство, тие изгледаат како и секое „обично семејство“, сакаат да уживаат во заеднички игри и не ги чуваат децата под „стаклено ѕвонче“.
Кејт и Вилијам отсекогаш сакале да поминуваат квалитетно време со нивните деца, а тоа изгледа вака:
М. М. | Црнобело