Ким Кардашијан земала часови за дишење во корсет фустанот пред Мет Гала
- Детали
- понеделник, 13 мај 2019
Со денови во фокусот на внимание е фустанот на Ким во кој таа откри дека не можела да оди во тоалет.
Екстравагантниот изглед на Ким Кардашијан на Мет Гала предизвика лавина од реакции. Претенкиот струк на ријалити ѕвездата на овој настан со денови е во фокусот на вниманието.
Таа откри дека во фустанот од Тери Муглер 4 часа на Мет Гала не одела во тоалет и стоела. Можела да одмора само во полуседечка позиција.
Екстремно тенкиот струк на Ким доведе и до гласини дека ѝ се отстранувани ребра.
Но, вистината е дека Ким тренира 6 дена во седмицата, многу посветено, плус цел тим се погрижил таа да изгледа така во корсет фустанот, направен специјално за неа.
Ким откри дека земала часови за дишење за да издржи во екстремно стегнатиот корсет. Вели дека изработката на фустанот траела 7 месеци и имала проби во Монтреал, Париз и Лос Анџелес, а притоа постојано вежбала како да дише во таква ситуација.
Инаку, на фустанот имало слој на силикон и накит за да се добие таков влажен изглед.
Ако ова не е вистинска посветеност на фустан, тогаш не знаеме што е. Малку претерано, зарем не?
Потсетете се како Како Ким Кардашијан „влезе“ во фустанот во кој 4 часа стоеше и не одеше во тоалет? (видео)
С. С. | Црнобело