Ким и Канје станаа родители по четврти пат – добија дете од сурогат мајка
- Детали
- петок, 10 мај 2019
Во шоуто на Елен, Кортни ја откри веста дека сурогат мајката на Ким заминала на породување, а сега има и официјална вест за раѓањето на детето на Ким и Канје.
Во шоуто на Елен, каде беше гостинка Крис Џенер, Кортни ненадејно се појави заедно со 6 внуци на Крис и секако следуваше големо изненадување.
Кортни откри дека сурогат мајката на Ким отишла во болница на породување, а Крис Џенер остана шокирана.
По оваа вест, сите очекуваа официјално соопштение за породувањето, а сега конечно има потврда за раѓањето на нивното синче.
Сурогат мајката на Ким и Канје се породи и тие го добија нивното четврто дете, a Ким на нејзиниот Твитер профил напиша: „Toj e тука и прекрасен е!“, а според нејзината друга објава, нивното синче изгледа многу личи на сестричката Чикаго.
He’s here and he’s perfect!
— Kim Kardashian (@KimKardashian) May 10, 2019
He’s also Chicago’s twin lol I’m sure he will change a lot but now he looks just like her ✨
— Kim Kardashian (@KimKardashian) May 10, 2019
Нивното трето дете, ќеркичката Чикаго, е исто така родена од сурогат мајка, а Ким има желба да има многу деца, па нејзините здравствени проблеми нема да ја спречат да биде мајка на повеќе дечиња.
М. М. | Црнобело