Мартин Гарикс зборува за смртта на Авичи: „Тоа беше повик за будење“
- Детали
- четврток, 09 мај 2019
Мартин Гарикс вели дека смртта на неговиот близок пријател и колега Авичи, минатата година бил повик за будење, иако тврди дека Авичи изгледал одлично неколку дена пред да почине.
„Тоа беше сериозен повик за будење, не само за мене, туку за целата индустрија.
Бев навистина близок со него, цели 6 години, па, сè што се случуваше го гледав со мои очи. Страшниот дел е што сите мислеа дека му оди одлично, кога очигледно не се чувствувал добро.
Знам дека секој човек е различен, па не можете да споредувате, но половина од луѓето околу мене се позагрижени за мене отколку самиот јас.
Јас лично се чувствувам добро, здрав сум, опкружен со пријатели и семејство, ја сакам секоја секунда додека сум на сцена, додека сум во студио и создавам музика.
Но, мислам дека голем дел од проблемот се крие во притисокот кој го имаат изведувачите додека се на турнеја, за кој никогаш не се зборува. Но, откако на Авичи му се случи тоа што му се случи, сметам дека треба да се разбудиме.“
Авичи си го одзеде животот на 20-ти април минатата година, а неговото семејство основаше фондација за превенција од ментални болести и самоубиства во негова чест.
М. Д. | Црнобело