Џеј Ло со длабоко деколте и перика од кристали, покрај тазе вереникот Алекс Родригез на Мет Гала (фото)
- Детали
- вторник, 07 мај 2019
Пред 20 години таа првпат присуствуваше на најголемата модна вечер, а оваа година повторно не разочара со блескавиот аутфит на Мет Гала 2019.
Џеј Ло и Алекс Родригез првпат се појавија како пар на Мет Гала пред 2 години, а сега повторно сите погледи беа во нив.
https://www.instagram.com/p/BxI_KEbgdgi/?utm_source=ig_embed
49-годишната поп-дива се појави во светкав Versace фустан со висок шлиц и длабоко деколте, а посебен впечаток остави и со сребрената перика која ѝ одговараше на аутфитот.
Во комбинција со високи штикли и дијамантски накит, таа блескаше покрај Алекс, кој беше облечен во свечено одело со розово сако.
Најгламурозниот пар на црвениот тепих на Мет Гала 2019:
М. М. | Црнобело