Од ненадејни бракови и шега до долготрајни - Славни парови кои се венчаа во Лас Вегас

Пред неколку дена, актерката Софи Тарнер и Џо Џонас изненадно се венчаа во Лас Вегас по Billboard наградите, но тие не се единствени кои направиле таква одлука.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-01.jpg

Свадбената церемонија во Лас Вегас многумина ја прават од шега или на „пијано“, но неретко се случува и да станува збор за сериозни бракови кои траат до ден-денес.

Верувале или не, и помеѓу славните има парови кои се венчале во Лас Вегас, а последни беа Софи Тарнер и Џо Џонас кои решија изненадно да се венчаат по Billboard наградите на 1-ви мај.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-02.jpg

Покрај нив има уште неколку парови помеѓу славните кои се венчале таму – некои од нив беа смешни и бракот им траеше 2 дена, но други уште живеат во среќен брак.

Кои славни парови се венчале во Лас Вегас?

Николас Кејџ и Ерика

Во март 2019, тие се венчале во Лас Вегас и многумина се изненадиле од нивната одлука, а 4 дена подоцна побарале поништување.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-03.jpg

Бритни Спирт и Џејсон Александер

Во 2004-та Бритни се венчаше со нејзиниот долгогодишен пријател, но го поништиле бракот по 55 часа, велејќи дека било шега која отишла предалеку.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-04.jpg

Анџелина Џоли и Били Боб Торнтон

Тие имаа изненадна венчавка во 2002 година додека тој уште бил во врска со претходната вереница, а нивниот брак траеше 2 години.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-05.jpg

Брус Вилис и Деми Мур

По 3-месечна врска, парот се венчаше во Лас Вегас, добија 3 деца и по речиси една деценија брак, се разведоа.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-06.jpg

Синди Крафорд и Ричард Гир

Се запознале во 1988-ма кога таа имала 22, а тој 39 години, а во 1991-ва долетале со приватен лет во Вегас и се венчале. Бракот им траеше 4 години.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-07.png

Џон Бон Џови и Доротеа Харли

Во април 1989, Бон Џови се венчал со неговата љубов од средно училиште за време на еднодневна пауза во Лас Вегас на неговата турнеја. Тие се венчале без прстени, а денес се уште заедно и нивниот брак трае 30 години.

od-nenadejni-brakovi-i-shega-do-dolgotrajni-slavni-parovi-koi-se-venchaa-vo-las-vegas-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни парови кои беа верени, но никогаш не стапија во брак (нивната ретро љубов буди носталгија) Дали некој од вас воопшто памти дека Никол Кидман и Лени Кравиц беа во врска, па...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Славни личности кои си личат толку многу што и фановите не можат да ги препознаат За Пенелопе Круз и Салма Хајек како на сите да им требаат неколку секунди за да ...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Најубавите парови на доделувањето на Златни Глобуси 2024 (фото) Бен Афлек и Џеј Ло, Хајди Клум и Том Каулиц, но и Кајли Џенер и Тимоти Шаламе ко...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg