Нов бран бурни реакции – 5-годишната Норт „дотерана“ во облека и накит од мама Ким (фото)
- Детали
- петок, 03 мај 2019
Маичка со змиски принт, огромни обетки и алки и дизајнерски очила – во светот на Кардашијан не постои разлика во облекувањето на децата и возрасните.
Пред неколку дена, Ким беше критикувана заради фотката која ја објави од нејзината ќерка Норт на која таа е нашминкана и седи на iPhone.
Сепак, 38-годишната мајка не се грижи за коментарите од јавноста, па повторно предизвика бурни реакции.
На најновата фотка, Норт е облечена во маичка со змиски принт, огромни обетки и дизајнерски очила, а во описот таа напиша дека постојано ја наоѓа ќерката облечена во нејзина облека и накит, што очигледно ѝ причинува задоволство.
Додека фановите беа воодушевени од модниот изглед на 5-годишната Норт, други имаа низа критики велејќи да престане да ја облекува како возрасна, бидејќи кога ќе порасне ќе биде уште полошо.
Што мислите вие за ова - дали и вие ги дотерувате ќеркичките во ваша облека, со шминка и штикли?
М. М. | Црнобело