Принцезата Шарлот порасна – Кејт Мидлтон ѝ направи фотки за 4-иот роденден
- Детали
- четврток, 02 мај 2019
За секоја посебна пригода и родендени, Кејт не ја пропушта шансата да направи по некоја фотка од нејзините деца.
Фановите на кралското семејство се научени дека војвотката од Кембриџ сака сама да прави фотки од нејзините деца, па неодамна имавме шанса да ги видиме најновите од принцот Луи по повод неговиот прв роденден.
Денес, принцезата Шарлот полни 4 години, а на официјалниот профил на Кензингтонската палата беа објавени три фотки од неа, кои ги направила мама Кејт.
Кејт очигледно ги обожава фотките во природа, па токму такви се и овие три од принцезата Шарлот која си игра и позира.
Принцезата е порасната и изгледа преслатко на фотографиите:
M. M. | Црнобело